Веќе извесен период беше јасно дека Ансу Фати ќе биде првиот кој ќе замине од Барселона по крајот на сезоната, а сега веќе и дефинитивно е познат клубот каде ќе ја продолжи кариерата. Шпанските медиуми денеска пренесуваат дека и дефинитивно е постигнат договор за негова позајмица во француски Монако!
Ансу Фати дебитираше за Барселона кога имаше само 16 години, а потоа го воодушеви фудбалскиот свет со своите игри, но за жал повредите сè нарушија, поради што Шпанецот не можеше да се врати во старата форма. Минатата сезона играше на позајмица во Брајтон и се очекуваше дека повторно ќе оди во друг клуб ова лето, но Флик одлучи да го задржи бидејќи Фати беше одличен во подготвителните натпревари.
Сепак, тој се повреди на самиот почеток од сезоната, поради што го изгуби статусот што го имаше бидејќи некои други играчи се наметнаа во тој период, а за Фати немаше враќање бидејќи навистина добиваше шанса „капка по капка“.
Сега и истакнатите трансфер-новинари, Матео Морето и Фабрицио Романо објавија дека Барселона и Монако постигнале договор и дека не станува збор за трансфер, туку за позајмица на Фати.
🚨🎖| 𝐁𝐑𝐄𝐀𝐊𝐈𝐍𝐆: AS Monaco are CLOSE to signing Ansu Fati on loan with an option to buy. Barça will also reserve a sell-on clause in case they buy him. The player has said YES to the move and the two clubs are finalizing details. [@MatteMoretto & @FabrizioRomano] #fcblive… pic.twitter.com/FId2HRAsaR
— BarçaTimes (@BarcaTimes) May 24, 2025
Фати оди во Монако на едногодишна позајмица со опција за откуп на договорот следното лето. Исто така, Барса вклучи клаузула дека може да го врати на зима за одредена сума пари доколку е потребно.
Од Шпанија и информацијата дека Фати веќе се согласил да оди во Монако бидејќи смета дека тоа е добар избор со оглед на тоа што ќе игра во Лигата на шампионите следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА