Прволигашите апелираат: „Останете дома, здравјето е најважно“ (ФОТО)

Фудбалот во Македонија е одложен на неодредено време, а фокусот е насочен во борбата против коронавирусот. Сите клубови ги сопреа активностите и апелираат да се остане дома, како еден од начините да се спречи ширењето на Covid-19.

„Останете дома, здравјето е заедничка одговорност. Заедно да го победиме коронавирусот“, порачаа од Работнички. Слични се пораките и на Академија Пандев и на Борец. Од денеска и Струга Трим Лум одлучи да ги прекине сите активности.

Се вчитува...