Прволигашите ништо не решија: Во последната рунда „колеж“ за Европа и за опстанок!

Меѓу Работнички, Силекс и Шкупи во последното коло ќе се одлучува кои две екипи ќе завршат на третата и четвртата позиција на табелата, кои може да донесат европски излез, откако во претпоследното коло Силекс и Работнички ремизираа без голови во Кратово, а Шкупи запиша значајна победа на гостувањето против Пелистер во Битола.

Од три екипи, Победа, Скопје и Пелистер, пак, ќе се бараат исто така во последната рунда две кои ќе завршат во Втората лига. Скопје се избори за шанса на крајот да дојде до опстанок откако во денешното 35. коло славеше со 1-0 против директниот конкурент Победа. Стрелец на единствениот гол за триумф на Скопје беше Ѓоко Алексовски во 17. минута од пенал.

Но, скопјани не успеаја да се изборат за триумф од два гола разлика, што ќе им значеше предност пред Победа во случај на израмнето бодовно салдо на крајот. Па, Победа пред последното коло, во кое се соочува со Ренова на која ништо нема да и значи тој меч, е во предност во однос на Скопје и Пелистер!

Шкупи обезбеди триумф против Пелистер во Битола уште во првиот дел, со головите на Баже Илијоски и Омар Имери, па и чаирчани во последното коло против Вардар ќе ја бркаат Европа.

Шкендија, без поголеми проблеми славеше против Ренова од 0-3, а Вардар конечно запиша победа во првенството славејќи со 3-2 (0-1) против Академија Пандев.

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 35.КОЛО

Тетово: РЕНОВА – ШКЕНДИЈА (0-3)

Ибраими 18′, 20′, Жуниор 30′

Скопје: СКОПЈЕ – ПОБЕДА (1-0)

Алексовски 17′(п)

Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ (0-2)

Илијоски 29′, Имери 33′

Кратово: СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (0-0)

Скопје: ВАРДАР – АК. ПАНДЕВ (3-2)

Максимов 51′, 89′ Барсегјан 66′ – Пандев 45′, Марков 79′

Standings provided by Sofascore LiveScore

ПОСЛЕДНО, 36. КОЛО (недела, 20. мај)

ПОБЕДА – РЕНОВА

ШКУПИ – ВАРДАР

АК. ПАНДЕВ – СИЛЕКС

РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ

ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР

Се вчитува...