Прволигашите со анализа на протоколите за враќање на фудбалот во земјава (ФОТО)

Фудбалските прволигаши заедно со ФФМ денеска ги разгледуваат безбедносните протоколи за евентуално враќање на фудбалската игра во нашава земја.

На нов состанок меѓу клубовите и ФФМ, денеска протоколот за начинот на кој би требало да се одигруваат натпреварите е презентиран и од епидемиологот д-р Жарко Караџоски од Институтот за јавно здравје.

По анализата на протоколите се очекува клубовите да ја донесат финалната препорака до ФФМ дали сезоната 2019/2020 ќе продолжи или првенствата ќе бидат прекинати. Конечната одлука ФФМ треба да ја донесе до понеделник (25. мај) кога е крајниот рок да биде информирана и УЕФА.

Се вчитува...