Првото коло се комплетира во Гевгелија и Куманово

По богатиот викенд во кој беа одиграни четири средби, првото коло од Првата лига ќе биде комплетирано денеска со дуелите помеѓу Куманово и Ангели, односно Кожув и ТФТ.

Првиот од овие два дуела ќе биде одигран во „26ти Април“ во почеток од 17 часот и 30 минути каде гевгеличани ќе ја угостат минатогодишната сензација ТФТ. За избраниците на Павле Николов ова ќе биде прв натпревар во сезоната, а тимот од Тафталиџе во истиот влегува по квалификацискиот натпревар за ФИБА Еврокупот.

Исто ќе биде и на вториот денешен натпревар од 18 часот во „Перо Наков“ каде Куманово го пречекува новалијата Ангели. Кумановци во овој меч влегуваат по долгото патување од Холандија, а „зелено-белите“ ќе се обидат да го искористат тоа за да стигнат до победа во премиерниот меч во „елитата“.

Се вчитува...