Првото „вардарско“ кафе на Кантегрел, со екс-репрезентативец на Македонија (ФОТО)

Робин Кантегрел денеска пристигна во Скопје, за кон крајот на оваа седмица да се појави на стартот на подготовките на Вардар за новата сезона. Голманот ќе биде прв Французин во историјата на „црвено-црните“, го очекува тешка борба за првотимски статус со репрезентативецот Борко Ристовски, но Кантегрел делува мотивирано да ги покаже своите квалитети во Лигата на Шампионите.

Според „македонскиот адет“, веднаш по пристигнувањето во Скопје следеше седнување на кафе-муабет, а друштво му правеше долгогодишниот македонски репрезентативец, Иван Марковски.

Се вчитува...