Саша Обрадовиќ го донесе првото засилување како тренер на Црвена Звезда, и тоа камерунскиот репрезентативец Ландри Нноко, кој пристигна во таборот на „црвено-белите“ од германскиот шампион Алба. За услугите на овој кошаркар се интересираше и Панатинаикос, но Камерунецот сепак ја прифати понудата за преселба во Србија.
Досега Црвена Звезда беше поврзувана со неколку врвни плејмејкери, но прво засилување летово сепак е центарот Нноко (208 сантиметри), кој важи за извонреден дефанзивен кошаркар. Минатата сезона беше прва за него во Евролигата, каде во просек бележеше 8,7 поени и 5,8 скокови, додека во германскиот шампионат за нецели 22 минути во просек бележеше по 10,3 поени, 6,1 скокови и 1,1 блокада по натпревар.
За очекување е „црвено-белите“ во текот на оваа седмица да го официјализираат пристигнувањето на Кори Волден од Партизан, а во завршна фаза е и ангажманот на Американецот Џордан Лојд од редовите на Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА