Првото засилување во „новата ера“ на Барса доаѓа од Киелце

Шпанскиот репрезентативец Анхел Фернандез е првото засилување на Барселона во „новата ера“ на каталонскиот гигант што стартува летово со заминувањето на Чави Пасквал и доаѓањето на Ортега за нов тренер на актуелниот европски првак.

Фернандез е име што и претходно беше поврзувано со Барселона, за управата на клубот конечно да ги договори сите детали за трансферот од Киелце и да го врати Шпанецот назад во татковината, каде до пред три години со голем успех го носеше дресот на Логроњо и три сезони по ред беше избиран за најдобро десно крило во АСОБАЛ-лигата.

Тој ќе го заземе местото во тимот на Данецот Мортенсен, кој на крајот на сезонава и официјално си заминува од каталонскиот гигант. Ривал на истата позиција на Фернандез ќе му биде репрезентативниот колега Арињо, кого го очекува повеќемесечна пауза поради незгодната повреда на коленото.

Се вчитува...