Првото засилување за Конте во Интер доаѓа од Островот

Италијанскиот калчолигаш Интер има големи амбиции за новата сезона во Серија А, откако за нов тренер го ангажираше Антонио Конте. Поранешниот менаџер на Челси првото засилување сака да го доведе токму од Англија.

Швајцарските медиуми тврдат дека Гранит Џака, играчот за врска на Арсенал, е пред трансфер во Интер. Клубот од Милано е подготцен да плати 50 милиони евра за да го доведе Швајцарецот на „Џузепе Меаца“.

Џака се наоѓа во националниот тим на Швајцарија во пресрет на завршниот турнир на Лигата на нации, а преселбата во Интер треба да се случи на почетокот на јули.

Се вчитува...