Првпат во историјата – струмичко прволигашко дерби: Беласица – Академија Пандев!

За првпат во историјата на независна Македонија струмичко прволигашко дерби и на домашната фудбалска сцена. Беласица и Академија Пандев денеска од 17 часот на стадионот „Младост“ во Струмица ќе запиша историја и за струмичкиот фудбал како први два клуба од Струмица со меѓусебна пресметка во елитниот фудбал.

Во таборот на Беласица ги очекуваат првите бодови по враќањето во прволигашкото друштво, верувајќи дека може да дојдат до триумф против Академија Пандев. По поразот од Победа сега се желни за бодови, и тоа токму во струмичката пресметка.

Но, силен мотив токму за успешен настап против Беласица постои и во редовите на Академија Пандев кои на стартот од сезоната, во првото коло, славеа во Турново против Македонија ЃП со 2-1.

ДВОЈКИ – 2. КОЛО (денеска, 17 ч.)

Скопје: ШКУПИ – ПОБЕДА

Тетово: РЕНОВА – ВАРДАР

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА

Струмица: БЕЛАСИЦА – АК. ПАНДЕВ

ВЧЕРА

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 2-1

Се вчитува...