ПСВ нема да му гостува на Арсенал в четврток, oдложен натпревар од ЛЕ

Смртта на кралицата на Обединетото кралство, Елизабета Втора, е причината поради која ќе се одложи натпреварот меѓу Арсенал и ПСВ во ЛЕ.

УЕФА објави дека дуелот кој требаше да се игра на „Емирати“, ќе добие нов термин кој нема да биде оваа седмица.

Причината е слична како онаа за одложувањето на дуелот во Лигата на шампионите, властите се преокупирани со протоколите и организациите околу смртта на кралицата. УЕФА потврди дека нов датум за мечот ќе се потврди во следниот период.

Се вчитува...