ПСЖ бара 300 милиони евра за Нејмар

Францускиот првак Пари Сен Жермен нема да му дозволи на Нејмар да си замине доколку не заработи на неговиот трансфер. Тој пред две години за рекордни 222 милиони евра дојде од Барселона во Париз, а сега би можел повторно да се врати назад на „Камп Ноу“. Во трката е и Реал Мадрид, но ПСЖ за негова продажба одредни неверојатна цена од 300 милиони евра.

Тоа дефинивно се премногу пари и за најбогатите европски клубови кои сигурно ќе се обидат во пакетот да вклучат и неколку играчи. Реал Мадрид се обидува да го понуди Кашемиро, а Барселона би можела во преговорите да го употреби и Кутињо.

Се вчитува...