ПСЖ без Мбапе и Верати против Лориен

ПСЖ ќе биде сериозно ослабен за вечерашниот дуел со Лориен, за кој Маурицио Покетино нема да може да смета на уште двајца стандардни првотимци.

Од „магичното трио“ во нападот Покетино на располагање ќе го има единствено Лионел Меси, откако по Нејмар од комбинација отпадна и Килијан Мбапе. Францускиот голгетер собра три жолти картони, што значи и автоматска суспензија од еден натпревар неиграње. Покрај Мбапе, од истата причина за „светците“ вечерва нема да настапи ниту Марко Верати.

Покрај Нејмар, Верати и Мбапе, во тимот на ПСЖ за овој натпревар нема да настапат ниту Паредес, Дракслер, Паредес, Курзава, Дагба, Бернат и Керер.

Се вчитува...