ПСЖ без Меси и Мбапе понижен од Монако (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен без Лионел Меси и Килијан Мбапе немаше сила за ништо повеќе од пораз на гостувањето кај Монако од 3-1 во дерби натпреварот од 23. коло во францускиот шампионат.

Домаќините уште во 4. минута стигнаа до водство од 1-0 со погодокот на Головин. Во 18. минута веќе беше 2-0 откако прецизно стрелаше Бен Једер. „Светците“ во 39. минута намалија на 2-1 со голот на Заире-Емери, додека до конечните 3-1 ги постави Бен Једер со својот втор погодок во судиското надополнување во првото полувреме.

 

Monaco [3] – 1 PSG – Wissam Ben Yedder 45+2′ from soccer

 

 

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...