ПСЖ без милост: И Сент Етјен на списокот „демолирани“… (ВИДЕО)

ПСЖ и во 5. коло од Лига 1 без милост за своите противници. Петта победа за ПСЖ на стартот од шампионатот овој пат од 4-0 против Сент Етјен.

Триумфот на ПСЖ го најави Дракслер со гол уште во 22. минута, а на асистенција на Верати.

Во второто полувреме, Кавани од пенал во 49. минута зголеми на 2-0, а Ди Марија во 76. минута донесе и 3-0. Конечните 4-0 ги постави Диаби во 84. минута од натпреварот.



ПСЖ со максимални 15 бода е на врвот на табелата, пред Дижон и Тулуз кои имаат по 9 бода и натпревар помалку.

Се вчитува...