ПСЖ без најдобрите играчи ќе го дочека „дербито“ на колото во Франција

Фудбалерите на Пари Сен Жермен вечерва ќе го пречекаат тимот на Анже на „Паркот на принцовите“ во натпреварот од 10-то коло во француската Лига 1. „Светците“ имаа доволно време да се рехабилитираат од последниот пораз што им го приреди тимот на Рен, па сега по репрезентативната пауза ги очекува дуел против непријатниот Анже, кој игра над сите очекувања оваа сезона.

Актуелниот лидер го пречекува четвртопласираниот тим на табелата и тоа секако е дерби натпревар, барем на хартија. Сепак, Маурисио Покетино, нема да може да смета на своите сили од Латинска Америка, а на оваа листа се наоѓаат Лионел Меси, Нејмар и Анхел ди Марија, кои синоќа ги носеа дресовите на своите репрезентации.

Парижаните оваа сезона најмногу до победа беа водени од дуото Мбапе – Хакими, а Мауро Икарди успеваше да им се придружи со неколку важни голови. Лео Меси полека се прилагодува од натпревар во натпревар, додека Нејмар речиси и воопшто да не е во голгетерска форма.

Се вчитува...