„ПСЖ без Нејмар има поголеми шанси да го елиминира Баерн Минхен“

Поради тешка повреда, сезоната заврши за бразилската ѕвезда во дресот на Пари Сен Жермен Нејмар.

Поранешниот лев бек на француската репрезентација и Баерн Минхен Биншент Лизаразу, смета дека ова може да биде предност за францускиот шампион во реваншот против Баварците во осминафиналето од Лигата на шампионите.

„Кога тројцата Меси, Мбапе и Нејмар играат заедно, многу пати не се враќаат да се бранат. Ова ги ослабува одбранбените механизми, па остатокот од тимот треба да трча многу повеќе. Само со Меси и Мбапе против Баерн, ПСЖ ќе биде поизбалансиран како тим, а играчите од средниот ред ќе работат помалку од вообичаено за да ја вратат топката. Целиот тим ќе биде посвеж“, вели Лизаразу. 

Лизаразу со Франција беше светски првак во 1998 година и европски првак во 2000 година, а во Баерн помина девет сезони меѓу 1997 и 2006 година. Со германскиот клуб освои шест титули во Бундеслигата и Лигата на шампионите во 2001 година.

Се вчитува...