ПСЖ броеше до честири со Ремс, стрелаше и Рамос (ВИДЕО)

Екипата на ПСЖ дојде до лесен триумф во Франција над Ремс со 4-0 и со тоа ја задржа предноста на првото место на табелата на 11 бодови од Ница.

Верати во 44. минута донесе водство за лидерот, а Рамос во 62. минута погоди за 2-0. Автоголот на Фаес донесе и 3-0, а Данило стави точка на натпреварот во 75. минута.

ПСЖ играше без неколку клучни играчи како Нејмар, Вајналдум, Донарума, Хакими, додека Меси беше на клупата и влезе во вториот дел.

Се вчитува...