Лукас Дињ наскоро би можел да стане нов играч на ПСЖ. Францускиот лев бек постигна усмен договор со францускиот шампион.
ПСЖ веќе ја извести Астон Вила дека ќе ја активира откупната клаузула во договорот на искусниот дефанзивец, а трансферот треба да биде комплетиран по завршувањето на Светското првенство. Износот на обештетувањето треба да биде помал од 10 милиони евра.
Дињ наводно ја прифатил улогата на резервна опција за Нуњо Мендеш на левата страна од одбраната, а желбата да се врати во татковината била една од клучните причини зошто решил да ја прифати понудата на европскиот првак.
Искусниот 32-годишен фудбалер има богата кариера зад себе. Пред Астон Вила, тој играше за клубови како Лил, Рома, Барселона и Евертон, а веќе играше за ПСЖ од 2013 до 2015 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
