ПСЖ чекаше и дочека: Рамос е подготвен за деби

Серхио Рамос пристигна како големо засилување за ПСЖ од Реал Мадрид, но проблемите со повредата го спречија искусниот дефанзивец досега да дебитира за францускиот гигант. „Светците“ трпеливо чекаа, па се чини дека конечно и дочекаа да го видат Шпанецот во својот дрес, откако ветеранот максимално ја искористил репрезентативната пауза, надминувајќи ги сите проблеми со повредата што го мачи веќе подолго време.

Француските медиуми информираат дека Рамос веќе почнал да тренира со остатокот од тимот (оној дел кој не замина со своите репрезентации за време на паузата) и дека сега на Покетино е да донесе одлука кога големиот ас ќе може да дебитира во дресот на ПСЖ. Покетино досега инсистираше на формација со Маркињос и Кимпембе во срцето на одбраната, па интересна ќе биде одлуката на аргентинскиот стратег, дали Рамос ќе замени еден од овие двајца или ќе се премине на формација со тројца во последната линија.

ПСЖ веќе в петок ќе го пречека Анже во новата рунда од француското првенство, по што во третото коло од Лигата на Шампионите „светците“ ги очекува дуел со Лајпциг.

Се вчитува...