ПСЖ до триумф над Ленс за зацврстување на врвот

Фудбалерите на ПСЖ дополнително се зацврстија на врвот од табелата во Лига 1 откако триумфираа на гостувањето против Ленс со 0-2.

Парижаните се мачеа да дојдат до победата, на крај во секој случај сосема заслужено доаѓајќи до трите бода. ПСЖ поведе со голот на Бредли Баркола во 30. минута, а конечните 0-2 ги постави Килијан Мбапе со голот во 89. минута.

Претходно, Франковски уште во 6. минута не успеа да реализира удар од белата точка за Ленс.

Се вчитува...