ПСЖ добива нов фудбалер вреден 60 милиони евра

ПСЖ успешно ги заврши преговорите за ангажман на Мануел Угарте и Уругваецот се очекува наскоро да биде официјално промовиран на „Паркот на Принцевите“, пренесуваат француските медиуми.

Угарте кој важи за суперталентиран фудбалер ја покрива средината на тренот и дресот на ПСЖ ќе го облече по трансфер вреден 60 милиони евра од Спортинг. За неговите услуги беше заинтересиран и Челси кој се откажа во последен час.

Покрај Угарте во ПСЖ се очекува и официјално да биде промовиран Марко Асенсио кој ќе пристигне до редовите на Реал Мадрид како слободен играч.

Се вчитува...