ПСЖ донесе одлука: Освен Меси, ова лето ќе бидат продадени сите аргентински играчи!

ПСЖ планира да се раздели со сите аргентински играчи во летниот преоден рок, со исклучок на напаѓачот Лионел Меси. Договорот на Анхел Ди Марија нема да биде обновен, а интерес на клубови од италијанската Серија А има за Леандро Паредес и Мауро Икарди, пренесува „L’Equipe“.

Анхел Ди Марија (34) за францускиот тим настапува од 2015 година. Напаѓачот постигна три гола и даде пет асистенции на 25 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона. 27-годишниот Паредес му се приклучи на ПСЖ од Зенит во јануари 2019 година. На 22 натпревари оваа сезона, играчот од средниот ред постигна гол и даде две асистенции.

29-годишниот Икарди беше позајмен во ПСЖ од Интер во 2019 година, а една година подоцна беше откупен за 50 милиони евра. Напаѓачот постигна пет гола на 30 натпревари во сезоната.

Се вчитува...