ПСЖ доведе и засилување од Јужна Кореја

ПСЖ продолжува да ги претставува засилувањата за наредната сезона откако „светците“ денеска го потпишаа договорот со Ли Канг-Ин. Станува збор за репрезентацивец на Јужна Кореја кој целиот дел од досегашната кариера ја имаше минато во Шпанија, а во ПСЖ доаѓа од таборот на Мајорка.

Ли на десетгодишна возраст се преселил во Валенсија и ја мина младинската школа на овој тим. На 17-годишна возраст овој офанзивен играч за врска дебитираше за првата екипа на Валенсија, а по три сезони во клубот од „Месталја“ во 2021 година заминува во Мајорка.

Минатата сезона тој настапи на 39 натпревари за овој шпански прволигаш, постигнувајќи шест гола и шест асистенции, по што летово без многу размислување ја прифати понудата на шампионот на Франција.

„Задоволство ми е што доаѓам во ПСЖ, еден од најголемите клубови во светот, да играм со некои од најдобрите фудбалери во светот. Едвај го чекам почетокот на оваа нова авантура во мојата кариера“, изјави 22-годишниот Ли Канг Ин, кој ќе го носи дресот со број 19 во новиот клуб.

Се вчитува...