ПСЖ дури по продолженија се протна во четвртфинале на Купот на Франција

Францускиот првак Пари Сен Жермен мораше да игра продолженија против нисколигашот Вилефранж за да обезбеди пласман во четвртфиналето на Купот на Франција. Во регуларниот тек дуелот заврши без голови, а во дополнителните 30 минути „светците“ постигнаа три и славеа со 0-3.

Тренерот Томас Тухел го почна мечот без Мбапе и Кавани, но мораше да ги внесе во текот на дуелот. Џулијан Дракслер во 102 минута го отвори резултатот, Муса Дијаби зголеми на 0-2, а во листата на стрелците се запиша и Единсон Кавани.

Се вчитува...