„ПСЖ е како Вардар – има пари, но не се знае кога ќе заврши…“

Финансиската криза што ќе произлезе од коронавирусот ќе влијае и врз спортот, па уште сега се најавува кратење на буџетите на врвните клубови за наредната сезона. Кога станува збор за ракометниот клуб на ПСЖ, тука нема стравување од такво нешто, станува збор за најбогатиот европски клуб кој се финансира од катарски газди.

„Мислам дека најмногу штета од кризата ќе претрпат Нант и Монпелје, кои остануваат без приходи од влезници бидејќи нивните сали постојани се распродадени. Нема конкретна најава за финансиски кратења, но ПСЖ е друг свет во ракометна Франција, има буџет колку сите останати екипи заедно. Мислам дека во многу работи е слична приказна на Вардар, има пари, но не се знае кога ќе заврши. Никој не може ни да претпостави кога Катарците ќе престанат да го финансираат ракометниот клуб, дали следната сезона или за 25 години“, истакна голманот на Иври, Мате Шуњиќ.

Се вчитува...