ПСЖ е пред договор со Нагелсман!

ПСЖ и дефинитивно е пред договор со ново тренерско име. Нов тренер на францускиот шампион, како што информираат медиумите од оваа земја, ќе биде германскиот стратег, Јулијан Нагелсман.

Нагелсман изминатава пролет неочекувано доби отказ од Баерн Минхен, во меѓувреме ги одби понудите од Челси и Тотенхем, па сега е пред договор со ПСЖ.

Германскиот тренер би дошол на местото на Криштоф Галтие, кој по само една сезона доби отказ од управата на ПСЖ. Изминативе денови Французите беа одбиени од неколку тренери, меѓу кои и Зинедин Зидан.

Се вчитува...