ПСЖ елиминиран од Ница во Купот на Франција

Големиот фаворит ПСЖ се прости од Купот на Франција, откако вечерва беше елиминиран на домашен терен од Ница по изведувањето на пенали. Парижаните кои играа со Донарума, Верати, Меси, Икарди, Драклсер, Керер, Кимпембе, Мбапе, Паредес… загуби дури по ударите од 11 метри и тоа во седмата серија.

Во регуларниот дел беше без голови, во меч во кој ПСЖ го имаше поседот на топката, но без завршница. Напротив, Ница имаше повеќе удари кон голот на Донарума, отколку парижаните.

Во пенал серијата, во регуларните пет двата тима промашија по еден удар, а во шестата беа сигурни стрелците. Во седмата серија погоди Ница, а Симонс е трагичарот за ПСЖ, или поточно голманот Булка (поранешен голман на ПСЖ) е херој на Ница кој го одбрани ударот, и така го однесе тимот на Ница во 1/4 финалето.

Се вчитува...