ПСЖ го брише Буфон: Ареола ќе брани до крајот на сезоната

Шансите Џанлуиџи Буфон да добие нов договор со ПСЖ драстично се намалија откако тренерот Томас Тухел донесе одлука воопшто да не смета на италијанскиот ветеран до крајот на сезонава. Буфон беше пред потпис на двогодишен договор пред реваншот со Манчестер Јунајтед, но неговото очајно издание и елиминацијата на „светците“ го промени ставот на тренерот Тухел и на управата на „светците“.

„Двајцата голмани тренираат напорно, но ова е времето за Ареола да ги покаже своите квалитети. Буфон ќе биде резерва до крајот на сезонава“ – истакна Тухел на денешната прес-конференција.

Ваквиот расплет на настаните следи откако француските медиуми најавија дека ПСЖ ќе тргне во тотална офанзива по Давид де Хеа во летниот преоден рок, што дефинитивно би значело заминување на Буфон од „Паркот на принцовите“.

 

Се вчитува...