Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе најверојатно ќе го напушти клубот ова лето, откако ја одби и последната понуда за продолжување на договорот.
22-годишниот Французин нема намера да потпише нов шестгодишен договор со „светците“ и се надева дека ќе се пресели во Реал ова лето.
Мбапе влезе во последната година од договорот и ПСЖ со сите сили се обидува да го убеди да остане на „Паркот на принцовите“.
Последните информации се дека Французинот одбил да стави потпис на нов шестгодишен договор. Сега одлуката е на ПСЖ, или ќе го пушти ова лето, или следното Мбапе ќе замине како слободен агент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА