ПСЖ го донесе пехарот од ЛШ на Ролан Гарос

Цела Франција го слави успехот на ПСЖ и втората освоена титула во Лигата на Шампионите, a „светците“ од Париз решија да ја споделат радоста со сонародниците, носејќи го пехарот освоен пред два дена во Будимпешта на тенискиот спектакл на Ролан Гарос.

Францускиот гранслем е во тек, а раководството на клубот реши четирите француски асови на ПСЖ, Дембеле, Баркола, Дуе и Заир – Емери, да продефилира на дел од терените на Ролан Гарос.

Овациите од француските фанови беа огромни, а самите фудбалери уживаа да бидат дел од оваа несекојдневна авантура.

Се вчитува...