ПСЖ го елиминира Нант во француската пресметка на селекторот и капитенот

Во француската пресметка на селекторот на македонската репрезентација, Раул Гозалес со ПСЖ и на другата страна,  капитенот Кире Лазаров со Нант, поуспешен беше парискиот тим славеше победа со 34-30 и обезбеди пласман во полуфиналето  од Лига Купот.

Нант добро го отвори натпреварот и имаше водство од 10-16 по првите дваесетина минути, но потоа дојде до пад во играта на гостинскиот тим. А, Раул Гонзалес и ПСЖ знаеја да го искористат тоа и брзо ја стопија предноста на Нант и на одмор заминаа со еден гол негатива (18-19).

Парискиот состав во исто темпо го почна и вториот дел. Тиери Омејер одбрани неколку зицери, а Уве Генсхајмер погоди за 19-19 по две минути игра во второто полувреме, а набрзо потоа Лука Карабатиќ донесе ново водство за домаќините (20-18).

Во продолжението, ПСЖ ја презеде инциијативата и водството. Во последната четвртина парискиот тим влезе со водство од 26-24 по четвртиот погодок на Микел Хансен. Но, за неколку минути дојде до уште еден пресврт откако Нант реализира три гиола во серија и повторно дојде во позитива поведувајќи со 27-29.

Сепак, во финишот поконцентрирани и попрецизни беа ракометарите на ПСЖ и со двата гола во серија на Недим Ремили и еден на Сандер Сагосен, во последната минута влегоа со предост од 33-30.

Кире Лазаров го заврши мечот со два гола од четири обиди, а најефикасен во составот на Нант беше оливие Ниокас со шест гола. ПСЖ во победата го предводеше Сандер Сагосен со девет гола, а решавачка улога на голот одигра искусниот Тиери Омејер со 12 одбрани.

ПСЖ и Нант ќе играат повторно меѓусебе на 20 декември во дуелот од натпреварот од француската лига, а потоа следува паузата за репрезентативните настапи и капитенот и селекторот ќе и се приклучат на македонската репрезентација во подготовките за настапот на претстојното СП во Германија и во Данска во јануари.

Се вчитува...