ПСЖ го „гази“ Баер во Леверкузен, Елмас и Наполи со негатива од Ајндховен по првиот дел

На дербито во вечерашните натпревари од третото коло во Лигата на шампионите, Арсенал на Емирати игра без голови против Атлетико Мадрид во првото полувреме.

Најмногу голови, дури пет, паднаа во Леверкузен, каде што двата тима имаат по еден црвен картон, а ПСЖ постигна четири голови, наспроти еден на германскиот вицепрвак.

Копенхаген и Борусија на полувреме играат 1-1, а Њукасл со 1-0 води против Бенфика. ПСВ има предност со Наполи од 2-1, и покрај тоа што имаше негатива. Елиф Елмас е на клупата за резерви во Ајндховен.

Интер во финишот го скрши отпорот на белгиски Унион, а Манчестер Сити е пред победа на гостувањето кај Виљареал, откако има предност од 0-2.

Се вчитува...