ПСЖ го казни Мбапе со 180.000 евра

ПСЖ за недисциплина не простува никому, па ни на најдобриот фудбалер Килијан Мбапе. Францускиот репрезентативец останал без 180.000 евра по казната што му била изречена за доцнењето во пресрет на мечот со Олимпик Марсеј.

Тренерот Томас Тухел го казни Мбапе изоставувајќи го од стартниот тим, но управата не остана должна, казнувајќи го голгетерот со една неделна плата. Парите биле уплатени на хуманитарната организација на францускиот првак.

Интересно, Мбапе почна како резерва на дербито на „Велодром“, но при резултат 0-0 беше уфрлен во игра и веднаш постигна гол за водство од 0-1, во конечната победа на „светците“ од 0-2.

Се вчитува...