ПСЖ го „краде“ Фабрегас пред носот на Милан

ПСЖ сега е голем фаворит во трката за потпис на Цеск Фабрегас, откако „светците“ подготвија понуда што е доволна за да се убеди шпанскиот плејмејкер за да им се приклучи на „Паркот на принцовите“. Договорот на Фабрегас со Челси истекува на крајот од сезонава, а раководството на „сините“ останува доследно на старото правило, да не нуди нови договори подолги од една сезона на играчи кои веќе наполниле 30 години.

Поради ова Фабрегас дефинитивно си заминува од „Стемфорд бриџ“, а ПСЖ веќе му понудил договор под услови што Шпанецот тешко дека ќе може да ги одбие. Со тоа „светците“ би добиле искусно засилување во средниот ред за кое не би платиле ниту едно евро, што би им ја олеснило задачата во обидот да ги разрешат проблемите со финансискиот ферплеј пропишани од УЕФА. Дури и доколку Челси се обиде да го продаде Фабрегас во јануари, тоа ќе биде за сума од околу 10 милиони евра што францускиот првак може да си ја дозволи без преголеми компликации.

Претходно Фабрегас беше поврзуван со трансфер во Милан, но „росонерите“ одолговлекуваа со понудата, која е многу пониска од онаа што Шпанецот ја доби од ПСЖ. Италијанскиот клуб е свесен за поразот во оваа трка, па веќе го насочил вниманието кон двајца играчи за врска од „Серија А“, и тоа Верету од Фиорентина и Басели од Торино.

Поранешниот ас на Барселона на „Паркот на принцовите“ ќе го замени Рабио, кој ќе си замине како слободен играч од ПСЖ и кариерата ќе ја продолжи токму во Барса.

Се вчитува...