ПСЖ го купи Чупо Мотинг, осум минути пред крајот на летниот преоден рок

Францускиот првак Пари Сен Жермен го направи можеби и најизненадувачкиот трансфер во летниот преоден рок. На осум минути до неговиот истек, потпис за ПСЖ стави Ерик Максим Чупо Мотинг, напаѓачот кој соработуваше со Томас Тухел своевремено во Мајнц, а синоќа пристигна на „Паркот на принцовите“. Тој треба да биде замена за Единсон Кавани и да ја зголеми конкуренцијата во навалната линија на „светците“.

„Ова е остварување на сонот, прекрасно е да се биде член на голем клуб како ПСЖ. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата и сакам да искажам благодарност до раководството на клубот и тренерот Томас Тухел“, изјави Чупо Мотинг во својата прва изјава по потписот за францускиот шампион.

 

Се вчитува...