ПСЖ го купи Сенегалецот Геје, следен е Дибала

ПСЖ комплетираше уште еден трансфер откако ги договори условите за ангажман на Идриса Геје. Сенегалскиот фудбалер за врска доаѓа од редовите на Евертон, откако „светците“ ги завршија повеќенеделните преговори постигнувајќи конечен договор, да платат 32 милиони евра, плус дополнителни четири милиони доколку се активираат неколкуте клаузули во договорот меѓу клубовите.

Геје се уште е на годишен одмор по настапот за Сенегал на Купот на Африкански Нации, па лекарските прегледи и промоцијата ќе се случат на самиот почеток од следната седмица, по што тој ќе му се стави на располагање на тренерот Тухел. Ангажманот на Сенегалецот речиси сигурно ќе значи и заминување на Паредес, кој одигра разочарувачки по јануарскиот трансфер од Зенит.

Директорот Леонардо не планира да престане со активностите, па по трансферот на Геје сега целосно ќе го насочи вниманието кон Пауло Дибала. Аргентинецот би бил идеален наследник на Нејмар, а е достапен за сума пониска од 100 милиони евра, далеку под парите што ПСЖ планира да ги заработи за својата бразилска „ѕвезда“.

Се вчитува...