ПСЖ го купува Абду Дијало од Борусија Дортмунд

Францускиот првак Пари Сен Жермен ќе ја засили одбраната со младиот дефанзивец на Борусија Дортмунд, Абду Дијало. 23-годишниот француски интернационалец имаше одлична сезона во дресот на „милионерите“, а раководството на ПСЖ ќе го купи за 32 милиони евра. Тој треба да биде освежување во дефанзивниот ред на тимот на Томас Тухел.

Абду Дијало ја почна професионалната кариера во Монако, играше за белгискиот Цулте Варегем, потоа прејде во бундеслигашот Мајнц, а оттаму продолжи во Борусија Дортмунд. Минатата сезона одигра 28 натпревари за „милионерите“ и постигна еден гол.

Се вчитува...