ПСЖ го носи Кеан од Евертон, Чупо Мотинг оди во Баерн

ПСЖ е на чекор до комплетирање на изненадувачки трансфер откако „светците“ влегоа во завршна фаза од преговорите со Евертон за ангажман на Моисе Кеан. Младиот италијански голгетер лани го чинеше Евертон дури 30 милиони евра, но Кеан никогаш не ги оправда очекувањата на „карамелите“, постигнувајќи само дваа гола на 29 одиграни натпревари.

Анчелоти не смета сериозно на неговите услуги и даде зелено светло за заминување на позајмица на младиот голгетер, а ПСЖ е пред комплетирањето на овој трансфер. „Светците“ се во потрага по резервна опција во нападот по истекот на договорот на Чупо Мотинг, а Кеан делува како идеално решение, со оглед на фактот дека станува збор за играч кој и во Јувентус и во Евертон повеќе време минуваше на клупата за резерви и нема да шири незадоволство во тимот поради таквиот статус.

Што се однесува до Чупо Мотинг, камерунскиот голгетер e пред потпис со европскиот првак Баерн Минхен. Баварците бараат резерва за Роберт Левандовски, а Чупо Мотинг е достапен како слободен играч, со што германскиот шампион може да си дозволи да ја покрие платата што ја бара Камерунецот.

Се вчитува...