Не ја најдоа среќата со Раул Гонзалез, па ќе ја бараат со Гарсија Парондо. Екс вардаровиот тренер кој му ја донесе втората титула европски првак на црвено-црниот тим, ќе го води францускиот гигант ПСЖ, надевајќи се дека ќе ја прекине сушата од немање титула европски првак.
Сепак, Парондо ќе седне на клупата на клубот од Париз дури следната сезона 2027/28. Минатата сезона ја освои Европската лига со Мелсунген, а ја водеше и селекцијата на Египет.
„Со задоволство го објавувме Роберто Гарсија Парондо во ракометниот тим на Париз Сен Жермен. Неговото искуство, високите стандарди и познавање на натпреварувањата од највисоко ниво ќе бидат главни предности на почетокот на ова ново поглавје. Во текот на својата кариера, тој ја покажа својата способност да ги развива своите тимови и да ги води кон највисоките цели. Убедени сме дека неговото доаѓање ќе му овозможи на клубот да продолжи со својот развој и својата потрага по титули.“, рече Тјери Омејер, директор на ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
