Фудбалерот Витиња, вечерва стави потпис на петогодишен договор со ПСЖ. Португалецот ги мина сите младински категории на Порто, и стигна до првиот тим, а добрите партии ги круниса со трансфер во еден од најдобрите клубови на денешницата. За него Парижаните одвоија 41,5 милиони евра.
22-годишниот Витиња одигра 47 меча за Порто минатата сезона, со кој ја освои двојната круна. Витиња стана репрезентативец токму за баражите за Светското првенство против Македонија.
Тој е вториот играч кој летово го засилува ПСЖ. Првиот беше Нуно Мендеш, откако ПСЖ ја активираше откупната клаузула и го зема од Спортинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА