ПСЖ го освои и „Велодром“

Пари Сен Жермен и понатаму е стопроцентен во домашниот шампионат на Франција. Тимот на Томас Тухел успеа да слави и на тешкото гостување на „Велодром“, совладувајќи го Олимпик Марсеј со 0-2.

Стрелец на првиот гол за „светците“ беше Килијан Мбапе во 65.минута од натпреварот. Интересно дека влезе од клупата за резерви само три минути претходно и успеа веднаш да го отвори резултатот, а во судиското продолжение Џулијан Дракслер го постави конечниот епилог на дуелот. По 11 одиграни кола, ПСЖ има максимални 33 бода, осум повеќе од второпласираниот Лил.

Се вчитува...