ПСЖ го освои Кил и направи голем чекор кон Ф4 во Келн

Раул Гонзалез и неговиот Пари Сен Жермен направи голем чекор кон Ф4 турнирот во ракометната Лига на шампиони откако вечерва успеа да стигне до голема победа на гостувањето кај Кил од 27-31 во првиот натпревар од четвртфиналниот двомеч.

Првото полувреме помина во егал во која за нијанса беа подобри гостите кои на пауза заминаа со минимална предност од 12-13.

Во вториот дел Пари Сен Жермен неколку пати бегаше, но домаќините успеаја да се вратат, а Французите клучната разлика ја направија на пет минути до крајот кога стигнаа до предност од плус четири (23-27). До крајот гостите успеаја да ја задржат предноста и да стигнат до конечен триумф од 27-31.

Кристопанс, Соле и Пранди со шест гола беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените залудни беа деветте погодоци на Сандер Сагосен.

Се вчитува...