ПСЖ го претстави Бернат: Чест е да се игра на „Паркот на принцовите“

Францускиот првак Пари Сен Жермен го доведе Хуан Бернат од Баерн Минхен како ново засилување. Тој потпиша тригодишен договор со клубот и се пресели на „Паркот на принцовите“.

„Чест ми е што ќе бидам дел од Пари Сен Жермен и ќе играм на „Паркот на принцовите“. По моето деби во Шпанија, и по искуството во Германија, сега ќе имам можност да ја истражам и Франција, да играм во голем клуб со уште поголема традиција. Тоа е тим со фантастични фудбалери, одлична клупска организација и моќно раководство. Се радувам и на соработката со Томас Тухел, тренерот кој остави одличен впечаток и во германскиот фудбал“, изјави Хуан Бернат на презентацијата.

Се вчитува...