ПСЖ го претстави Кејлор Навас, Ареола се пресели во Реал Мадрид

Костариканскиот голман Кејлор Навас е нов член на Пари Сен Жермен. Тој се сели во Париз за сума од 15 милиони евра. По пет сезони поминати во Мадрид, Кејлор Навас ќе остане запаметен по 12 освоени титули, од кои три последователни титули во Лигата на шампионите, во три сезони во кои беше незаменлив на голот. По доаѓањето на Тибо Куртоа, тој падна во втор план во „кралскиот клуб.

Од Париз во Мадрид доаѓа друг голман, Алфонс Ареола. Тој доаѓа на едногодишна позајмица од ПСЖ, без клаузула за откуп на договорот. Тој има искуство од Ла Лига, со оглед дека во сезоната 2015/16 бранеше во Вилјареал, пред да се врати во ПСЖ.

Се вчитува...