ПСЖ го претстави Ренато Санчез (ВИДЕО)

Ренато Санчез од денеска и официјално е нов фудбалер на ПСЖ. Португалецот во редовите на „светците“ доаѓа од Лил во трансфер вреден 15 милиони евра и се очекува да биде големо засилување за новата сезона во која францускиот тим ќе атакува на титулата во Лигата на Шампионите.

Фудбалерот кој еднаш важеше за најголемиот талент на европскиот фубал ова лето беше пред премин во Милан, но и покрај тоа што ги имаше договорено условите со италијанскиот клуб пресуди интересот од мега-проектот на парижани.

 

Се вчитува...