ПСЖ го реши Анже, но ќе почека за титула во Лига 1 уште малку (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен стигна до убедлива победа од 0-3 на гостувањето кај Анже во натпревар од 33. коло во француската Лига 1.

Водство за „светците“ донесе Килијан Мбапе во 28. минута од 0-1, а до крајот на првиот дел беше и 0-2 откако стрелаше и Серхио Рамос. Конечните 0-3 ги постави Маркињос со гол во 77. минута. До крајот за издвојување е црвениот картон на Мичу во 92. минута.

Со овој триумф шансите ПСЖ да ја загубат титулата се сведени само на теорија. Олимпик Марсеј успеа да го добие Нант на домашен терен со 3-2 и барем математички да остане во игра за титулата. На пет кола до крај тимот од Париз има 15 бода повеќе од најголемиот ривал и дури 23 гола подобра гол-разлика.

 

 

 

Се вчитува...