ПСЖ го реши Ливерпул, Клоп е во небрано

ПСЖ направи огромен чекор напред кон осминафиналето во Лигата на шампионите откако вечерва ја доби дерби-пресметката со Ливерпул со 2-1. Решавачки беше фуриозниот почеток на „светците“ што донесе предност од 2-0 со головите на Бернат и на Нејмар. „Црвените“ пред крајот на полувремето намалија со пеналот на Милнер (по стартот на Ди Марија над Мане), но и покрај поголемиот посед на топката во вториот дел тимот на Јирген Клоп не успеа да постигне втор гол, па во пресрет на последното коло падна на третото место во својата група.

Наполи без многу проблеми ја оправда фаворитската улога против Црвена звезда, славејќи со 3-1. Дрис Мертенс доби шанса пред Милик и постигна два погодоци, еднаш меѓу стрелците се запиша и Хамшик, додека Бен беше стрелец на почесниот погодок за „црвено-белите“, по одличната асистенција на Марко Марин.

Барселона си го осигура првото место во групата со вечерашната победа од 1-2 на гостувањето против ПСВ Ајндховен. Во главна улога очекувано беше Лионел Меси, кој најпрвин стрелаше прецизно за водство од 0-1, пред да му асистира на Пике при вториот гол на каталонскиот гигант. Тотенхем остана во игра за втората позиција во оваа група откако „спарси“ ја добија вечерашната пресметка со Интер со 1-0. Ериксен беше стрелец на единствениот гол на додавање на Деле Али, па двата клуба имаат по седум кола, но Интер во последното коло ќе го пречека последниот ПСВ, додека Тотенхем ќе гостува на „Камп ноу“ на Барселона.

Порто дефинитивно е прв во најслабата група Д, по триумфот од 3-1 што португалскиот гигант го забележа на домашен терен против Шалке. Мечот беше решен во рок од пет минути во второто полувреме, во кој Милитао и Корона ја затресоа мрежата на гостите од Гелзенкирхен.

ГРУПА А: Атлетико М. – Монако 2-0, Борусија Д. – Бриж 0-0.

Табела: Атлетико 12, Борусија 10, Бриж 5, Монако 1.

ГРУПА Б: ПСВ Ајндховен – Барселона 1-2, Тотенхем – Интер 1-0.

Табела: Барселона 13, Интер 7, Тотенхем 7, ПСВ Ајндховен 1.

ГРУПА Ц: Наполи – Црвена звезда 3-1, ПСЖ – Ливерпул 2-1.

Табела: Наполи 9, ПСЖ 8, Ливерпул 6, Ц. Звезда 4.

ГРУПА Д: Локомотив М. – Галатасарај 2-0, Порто – Шалке 3-1.

Табела: Порто 13, Шалке 8, Галатасарај 4, Локомотив 3.

Се вчитува...