ПСЖ го сака Батшуаи на позајмица?

Францускиот првак Пари Сен Жермен е активен на трансфер – пазарот оваа зима и сака да се засили за настапите во домашниот шампионат, но и во Лигата на шампионите. По ангажманот на Џулијан Дракслер од Волфсбург, сега „светците“ тргнуваат по Мичи Батшуаи, напаѓачот на Челси кој не добива голема минутажа на „Стемфорд бриџ“ и сака да си замине од клубот. ПСЖ сака да го доведе како позајмен играч до крајот на сезоната, со можност за комплетно откупување на договорот.

Тренерот Унаи Емери смета дека Батшуаи би бил одлично засилување во напаѓачкиот дел на тимот, посебно откако и дефинитивно стана јасно дека Хесе Родригез ќе го напушти „Паркот на принцовите“. Тој не успеа да се докаже во новата средина по доаѓањето од Реал Мадрид.

Мичи Батшуаи одлично ја познава француската лига, со оглед дека претходно настапуваше за Олимпик Марсеј, а ќе може да игра и во Лигата на шампионите, бидејќи Челси оваа сезона не е дел од елитното европско клупско натпреварување.

Се вчитува...