ПСЖ го сака Лукас Хернандез како наследник на Тијаго Силва

Францускиот првак Пари Сен Жермен тргнува во обнова на одбранбениот бедем пред голот на Кејлор Навас. Бразилецот Тијаго Силва и дефинитивно заминува од „Паркот на принцовите“, а спортскиот директор Леонардо е во потрага по негов наследник. Првата опција е Лукас Хернандез, одбранбениот фудбалер на Баерн Минхен, кој не успеа да се наметне во првата сезона по доаѓањето на „Алијанц арена“.

Пари Сен Жермен најави дека нема премногу да троши во летниот преоден рок, но спортскиот директор Леонардо смета дека ангажман на квалитетен дефанзивец е оправдана инвестиција. „Светците“ се подготвени да платат 50 милиони евра и да испратат еден фудбалер на „Алијац арена“, најверојатно германскиот интернационалец Џулијан Дракслер.

 

 

Се вчитува...